Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно, но суво време.

Loading...

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен, односно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умернео засилен ветер од југ, односно југоисток.

Температурата ќе се движи во интервал од 10 степени во утринските часови до максимални 15 во текот на денот.

 

Loading...

 

Врнежите од дожд ќе продолжат и во недела, кога ќе имаме и умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура в недела ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени целзиусови.

 

 

Облачно со повремени слаби услови за врнежи од дожд и снег ќе биде и во текот на следната работна недела.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

Никола Ивановски