Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Максималните температури низ државата ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од источен, односно североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме слично време, облачно со врнежи од дожд кои во одредени делови од денот ќе бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од 9 степени во утринските часови до максимални 12 во текот на денот.

 

 

Дождливо време ќе имаме и во недела кога ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе изнесува околу 9 степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Врнежливо и свежо време ќе се задржи и во текот на првите денови од следната работна недела.

Никола Ивановски