Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.

 

Loading...

 

Првиот ден од викендот носи зголемување на облачноста, што пак ќе донесе услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од осум степени во утринските часови, до максимални 20 степени целзиусови во текот на денот.

 

 

Недела носи мало стабилизирање на временска состојба, но ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови постојат слаби услови за грмотевици и врнежи од дожд.

Последниот ден од оваа седмица ќе донесе дневен максимум од 23 степени целзиусови, по утринските девет степени.

Loading...

 

 

Претежно стабилно и топло време ќе се задржи и во првиот дел од следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply