Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и потопло време. ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 11 степени целзиусови.

 

Loading...

 

На првиот ден од викендот во кумановско ќе имаме топло и стабилно време со сонце и мала до умерена облачност. Температурата во утринските часови ќе биде околу два степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне до 15.

 

 

Слично ќе биде времето и во недела, кога температурата ќе биде уште повисока, па дневниот максимум се очекува да достигне 18 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply