Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде студено. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност поголема на југоистокот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и потопло време. Ќе дува сосема слаб ветер од северозапад, а температурата ќе се движи од -4 степени во утринските часови до максимални 11 степени целзиусови во текот на денот.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време со раст на дневната температура. Кај утринските температури исто така ќе се забележи излегување од негативата.

Минималната температура ќе биде еден степен над нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и во недела, кога утринската температура ќе изнесува четири, а максималната дневна 16 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Сончевото, топло и стабилно време ќе се задржи и на стартот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply