Викенд временска прогноза: Уживајте во топлото време!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу пет степени, додека максималната дневна се очекува да достигне дури до 22 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со малку сончеви периоди и врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од седум степени во утринските часови до максимални 19 во текот на денот.

 

 

Во недела ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне до 20 степени целзиусови.

 

 

Како што додаваат од УХМР, од понеделник ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни, со засилен најпрвин јужен ветер, а потоа со северен ветер кој ќе дува неколку дена и кој ќе донесе значително опаѓање на температурата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Никола Ивановски