Викенд временска прогноза: Облачно во петок, ведро во сабота

Сподели со своите пријатели

Македонија денес се разбуди со облачно утро без значајни промени со до доцна попладне, кога се очекува постепено разведрување, јавува порталот Метеопро.

Loading...

Повремено ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Во текот на денот температурата ќе има максимални вредности од 4°С до 6°С, односно околу 8°С во гевгелискиот регион. На повисоките места до 3°С.

Во сабота се очекува претежно ведро време. Минимални услови за формирање на слаба магла по котлините ќе има наутро.

Температурата ќе биде во пораст и ќе има вредности од 8°С до 10°С, а ана југоисток до 13°С.

Слично време како, во сабота, се очекува и во недела. Температутрата во однос на сабота ќе биде повисока за околу 2°С.

Извор: Метеопро.мк