Викенд временска прогноза

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите, денес се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Loading...

Претпладне, во Демиркаписката клисура ќе има појава на магла која постепено ќе слабее. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој попладне во западните делови, особено на повисоките места на моменти ќе засилува по интензитет. Дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.

Во сабота се очекува променливо облачно и ветровито време, попладне во крајните западни и северозападни делови со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти на места ќе достигнува брзина помеѓу 50 и 70 км/ч.

Во ноќнте часови врнежи ќе има речиси насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел. Минималната температура ќе се спушти од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Промената на времето ќе се почувсвува веќе од недела кога ќе преовладува умерено до значително облачно време, претпладне во западните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а попладне на повисоките планини има услови за повремени врнежи од снег.