Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево, топло и стабилно време. Максималната дневна температура се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово утре времето ќе биде претежно сончево и топло со максимална дневна температура од 33 степени целзиусови.

Недела носи можност за појава на рмотевици и пороен дожд, а дневниот максимум ќе достигне 28 степени.

Од понеделник повторно се очекува да настапи стабилизација на временската состојба.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply