Викенд прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде со значителна ниска облачност, а преку денот сончево со умерена облачност.

Loading...

Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од западен, односно југозападен правец.

Температурата ќе биде во интервал од 2 степени во утринските часови, до максимални 9 во текот на денот.

 

Loading...

 

Облачно и суво време во кумановско ќе имаме и во текот на утрешниот ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна ќе достигне до 9 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

 

 

Недела носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до засилен ветер од југ, односно југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне до 10 степени целзиусови.

 

Loading...

 

И во текот на следната работна недела се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Никола Ивановски