Викенд прогноза за Куманово: Услови за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу седум степени додека максималната дневна ќе достигне 20 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени две лица при обид за кражба во Куманово

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и топло време особено, а во попладневните часови се очекува наоблчаување и пороен дожд проследен со грмежи.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западн правец. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне до 16 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Недела носи облачно време со услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во текот на попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од шест степени во утринските часови до максимални 17 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамен за 800 евра, му дале лажен дијамант

 

 

Врнежите од дожд ќе продолжат и на почетокот на следната работна недела кога ќе имаме и драстичен пад на температурата.

Никола Ивановски