Викенд прогноза за Куманово: Студено со дожд, снег и силен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 l/m 2 ).

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  37-годишна кумановка пријавена за исчезната

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 2 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска е издадено жолто метео предупредување за врнежи од дожд.

 

 

Врнежите од дожд во кумановско ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, кога ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и до 60 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кратовец се заканувал и извршил полови дејствија врз малолетна кумановка

Утринската температура ќе се движи околу еден степен, додека дневниот максимум ќе изнесува само четири степени целзиусови.

Во текот на ноќта врнежите од дожд полека ќе преминуваат во врнежи од снег.

Loading...

УХМР за утре за кумановско има издадено повторно жолт метео аларм, но овој пат за опасност од силен ветер.

 

 

Недела носи претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 50 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени под нулата, а дневниот максимум ќе достигне шест степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат во центарот на градот

 

Loading...

 

Од понеделник ќе имаме благ пораст кај дневните температури, но утринските и натаму ќе бидат ниски.

Никола Ивановски