Викенд прогноза за Куманово: Повторно услови за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Претпладне низ Македонија денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди во претпладневните часови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект

Попладне се очекува нестабилност проследена со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад.

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.

 

 

Од страна на УХМР за кумановскиот регион е издадено жолто предупредување за опасност од невреме со грмотевици, кое ќе трае и утре.

Во текот на утрешниот ден во кумановско ќе имаме претежно сончево претпладне, со услови за нестабилност со прооен дожд и грмежи попладне.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 25 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

 

 

Недела носи слично време, со повтпрно услови за нестабилност во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од севере правец, а температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 21 во текот на денот.

 

 

Loading...

Врнежите од дожд ќе продолжат и следната работна недела.

Никола Ивановски