Викенд прогноза за Куманово: Не планирајте прошетка на отворено

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност претпладне, а околу пладне и попладне облачноста ќе се зголеми.

Loading...

Доцна попладне и кон крајот на денот почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. На планините во западните делови ќе врне снег.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне во јужните делови ќе се промени во источен и југоисточен.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во текот на ноќта во кумановско се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд.

Викендот носи услови за обилни врнежи од дожд. Порталот за временска прогноза accuweather има издадено и жолто предупредување за периодот од ноќеска до недела.

Сабота носи врнежи од дожд и пад на температурата. Максималната дневна температура ќе достигне 9 степени целзиусови, а обилни врнежи од дожд се очекуваат во текот на целиот ден.

 

Loading...

 

Недела носи делумно разведрување. Ќе имаме сончево до умерено облачно време, но и натаму со слаби услови за дожд. Температурата ќе биде во благ пораст и ќе достигне 14 степени целизусови.

 

 

Стартот на новата работна недела носи и нови врнежи од дожд.

Никола Ивановски

Leave a Reply