Викенд прогноза за Куманово: Денеска претопло, од ноќва нестабилно

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме ли температури над 20 степени?

Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 37 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Во попладневните часови облачноста ќе донесе услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен, односно југоисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од 18 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

 

 

Loading...

Слично време со услови за нестабилност ќе имаме и во недела, но ќе има и значителен пад на температурата. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Гласајте за Максим Димитриевски, да изградиме напредна, модерна и просперитетна Македонија

Температурата ќе биде во интервал од 16 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.

 

 

Нестабилно време, но и пониски температури ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски