Викенд прогноза за Куманово: Чадорот нека ви биде при рака

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд и особено долж Повардарието појава на ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, но со услови за грмотевици во попладневните часови. Условите за дожд во текот на денот ќе бидат слаби.

Утринската температура во кумановско денеска ќе изнесува седум степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре ќе се задржат истите температурни вредности, но ќе имаме врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде околу пет степени, а максималната дневна ќе се движи околу 19 степени.

 

 

Драстичен пад на температурата се очекува в недела. Врнежливото време ќе продолжи, ќе биде значително постудено време, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата во утринските часови в недела ќе биде околу два степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 7 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Почетокот на новата работна надела носи стабилизирање на временската состојба и повторно пораст на температурите.

Никола Ивановски

Leave a Reply