Викенд прогноза за Куманово: Чадор за секој случај

Сподели со своите пријатели

Врмето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време во претпладневните часови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

Попладне се очекува зголемување на облачноста и врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со електрични празнења.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 25 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме слично време со сончево претпладне и услови за нестабилност со дожд и грмежи во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 23 степени целзиусови.

 

Loading...

 

И недела носи нестабилно време во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен односно југоисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 23 степени.

 

 

Врнежите од дожд се очекува да продолжат веќе од вторник.

Loading...

Никола Ивановски