Виена под опсада од вооружени специјалци поради страв од можен терористички напад

Сподели со своите пријатели

Австриската престолнина Виена е под опсада на вооружени специјални полициски сили поради страв од можен терористички напад.

Loading...

Присуството на безбедносните сили денеска е многу поочигледно на улиците во споредба со вчера, но туристите и мештаните шетајќи слободно, јавуваат медиумите оттаму,.

Австриските медиуми јавуваат дека оваа акција е преземена откако се појавиле закани за напади врз црквите во Виена, а потоа и врз сириските институции во тој град.

Од средата наутро, виенската полиција започна огромна акција, а вчера влезе и во катедралата Свети Стефан каде што беше подигната ограда поради што не може да се приближи до олтарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патник пеел 14 часа без прекин: Невообичаена глетка на пат од Сараево до Виена (ВИДЕО)

Акцијата заеднички ја спроведуваат специјалните полициски единици Вега и Кобра, кои чуваат не само цркви, туку и други објекти.

Денеска операцијата беше подигната на повисоко ниво, откако Дирекцијата за државна безбедност на Австрија дознала дека цел може да бидат и сириските дипломатски и други претставништва, со оглед на тоа што на 15 март беше 12-годишнината од почетокот на војната во таа земја.

Поради оваа причина, зголемена е безбедноста околу зградите на Сириската православна црква, пишува австрискиот весник „Хојте“.

Иако среда беше најавена како најризичен ден за напад, полицијата соопшти дека без разлика на се, опасноста е сепак многу голема.

Loading...

„Во контакт со претставниците на надлежните институции ќе продолжиме да ве информираме за најновите случувања. Исто така, штом проценката на ситуацијата тоа ќе го дозволи, ќе ги намалиме мерките“, соопшти австриската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патник пеел 14 часа без прекин: Невообичаена глетка на пат од Сараево до Виена (ВИДЕО)

фото: илустрација