(ВИДЕО) Опасен еадиоактивен материјал исчезнал од електрана во Тајланд

Сподели со своите пријатели

Властите во Тајланд се обидуваат да лоцираат метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина што исчезна од електрана оваа недела.

Loading...

Тајландските власти ја предупредија јавноста на сериозни здравствени ризици кои можат да настанат во случај на контакт со материјалот во цилиндерот, пишува CNN.

Откритието доаѓа само два месеци откако Австралија беше принудена да започне слична потрага за да ја пронајде малата радиоактивна капсула, која на крајот беше лоцирана.

Додека австралиската капсула беше изгубена во оддалечена рурална област, цилиндерот во Тајланд исчезнал во многу понаселена област.

Цилиндар со потенцијално смртоносна супстанција

Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутинските проверки на персоналот на 10 март во електрана на јаглен во Прачин Бури, провинција во централен Тајланд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Цилиндерот се користел за мерење на пепел и бил дел од силосот. Во него има цезиум-137, што е високо радиоактивна супстанција за која научниците велат дека може да биде смртоносна.

„Не е јасно дали цилиндерот е украден и продаден“

Тимови за пребарување и дронови се распоредени за да го пронајдат исчезнатиот цилиндар, се вели во соопштението на Управата за атомска енергија, владиниот регулатор на Тајланд за радиоактивни и нуклеарни истражувања.

Заменик-главниот секретар Пенап Канчан вчера изјави за Си-Ен-Ен дека користеле опрема за детекција на радиоактивност за да го лоцираат цилиндерот.

Loading...

„Ги разгледуваме продавниците за рециклирање во областа. Користиме специјална опрема за да ги откриеме сигналите. Испративме роботи и дронови до области до кои не можеме да дојдеме“, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Во потрагата е вклучена и тајландската полиција, која смета дека цилиндерот исчезнал во февруари, но дека компанијата National Power Plant 5 официјално го пријавила исчезнувањето дури минатата недела.

Полицијата ги погледнала снимките од камерите за надзор од фабриката.

Монгкол Топао, началникот на полицијата во областа Си Маха, рече дека снимката не го покажува најдоброто од она што се случило.

„Не е јасно дали цилиндерот е украден и продаден за рециклирање или изгубен. Ги испративме нашите тимови во продавниците за рециклирање низ целата област. Сè уште не можеме да го најдеме“, рече Топао.