Вицепремиерот и министрите на средба со бизнисмените од Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На трибина во Занаетчискиот дом во Куманово денеска заедно седнаа преставници од Владата на Република Македонија и стопанскиот сектор.

Кумановските стопанственици имаа можност да слушнат за можностите кои ги нуди владината политика за компаниите со преку мерките од планот за економски раст, а нив ги презентираше заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, како и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Стопанствениците освен што имаа можност да се запознаат со мерките на Владата кои може да ги искористат, средбата ја искористија еден час да ги искажат проблемите со кои се соочуваат и за тоа да добијат одговор од вицепремиерот Анѓушев.

 

 

Бизнисмените побараа инвестиции во инфраструктурата со цел да им се оленси работењето, но воедно се отвори и прашањето за индустриска зона која во Куманово постои само на хартија.

 

Loading...

 

Според Анѓушев од 90 до 100 милиони денари годинава ќе бидат одвоени од државата со цел да се подготви индустриската зона. Процесот според вицепремиерот ќе заврши следната година и тоа ќе се поклопи со 500-годишнината од постоењето на Куманово.

– Мислам дека Куманово неоправдано беше запоставувано долги години, мислам дека има многу што да се сработи во Куманово и ние како Влада ќе бидеме посветени не само во Куманово, туку во сите градови во Македонија да обезбедиме што подобри услови, но сега ќе се задржам тука, бидјеќи има голем број на невработени, стапката на невработеност е голема, а особено на кадар што е со ниско образование и треба на тоа да поработиме, рече Анѓушев.

 

 

Како што рече вицепремиерот во својата изјава, најголемо искористување од мерките кои ги има Владата моментално и кои денеска беа презентирани пред кумановските стопанственици, се очекува на мерките кои што поддржуваат инвестиции, а секоја компанија која ги задоволува условите, според Анѓушев ќе добие 10 до 20 отсто од сите инвестирани пари од претходната година.

– Ги охрабруваме сите да инвестираат, бидејќи со инвестирањето се подобрува технологијата, со технологијата се подобрува конкурентноста, а со самото тоа и развојот на претпријатието и втората мерка која очекувам да ја искористат сите е транспарентна, да се кој кој што ќе даде плата на 18.000 денари, односно 50% над минималната, ќе биде субвенциониран со 20% од нето платата и тука очекувам да се вработуваат луѓето и да се даваат поголеми плати, а државата со 20 отсто ќе им врати на инвеститорите во следните пет години, рече Анѓушев.

 

 

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски истакна дека целта на локалната и централната власт е да се подигне бизнис климата во градот и да се зголемат можностите за инвестиции, а да се даде предност на домашните инвеститори.

– Имаме потреба од развојна индустриска зона и денеска заедно во разговорот со вицепремиерот Анѓушев констатиравме дека Владата е подготвена да влезе во етапно финансирање на истата и се надевам дека веќе следната година ќе имаме конкретни резултати од тоа, а тоа е претстојната 2019. година кога првично ќе се видат инвестициите. Куманово како град со исклучителна местоположба на двата коридори остава простор и за голем број странски инвестиции, но претходно е потребно да се обезбеди соодветна инфраструктура и воедно ќе работиме со Владата на заеднички проекти преку Европските фондови за посоодветна инфраструктура за да дадеме подобра понуда на пазарот на економијата и инвестициите, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Станува збор за индустриската зона Новине и Речица, каде според Димитриевски има продадено парцели, но нема досега изградена инфраструктура.

 

 

 

Loading...

 

 

Leave a Reply