Вештачко око кое гледа подобро од човечкото (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Научниците од Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг успеаја да развијат вештачко око кое го имитира човечкото и е посовршено во одредени сегменти.

Loading...

Вештачкото око изградено од кинески научници има структура слична на човечкото око, чувствително е на светлина, но исто така има и побрзи реакции. Исто така, овој електронски уред има можност за уште поостар вид во однос на човечкиот, се наведува во „Science News“.

Научниците убедени дека пронашле живот надвор од нашиот систем

„Во иднина, можеме да го искористиме за да направиме подобри помагала и кај хуманоидните роботи“, вели инженерот и научник Шионг Фан од Универзитетот во Хонг Конг.

Човечкото око своето широко гледање го должи и на мрежницата со висока резолуција, која се наоѓа во задниот дел на очното јаболко и е покриена со клетки осетливи на светлина.

Фан и неговите колеги користеле заоблена мембрана од алуминиум-оксид опремена со сензори изработени од светлосен чувствителен материјал – перовскајт, за да ја имитираат таа структура во нивното синтетичко очното јаболко.

РЕВОЛУЦИЈА: Научниците направија срце од листови спанаќ (видео)

Каблите поврзани со вештачка мрежница испраќаат податоци од сензори за обработка, исто како што прават и нервните влакна кои пренесуваат сигнали од човечкото око на мозокот.

Loading...

Вештачкото око го регистрира промените во осветленоста побрзо од човечкото око, за околу 30 до 40 милисекунди во однос на 40 до 150 милисекунди. Уредот се прилагодува на количината на светлина како човечкото око, но неговото видно поле е 100 степени во споредба со 150 степени колку што има човечкото око. Сепак, тоа е големо подобрување во однос на редовните сензори со рамен панел со видно поле на 70 степени.

Кои ќе бидат најголемите достигнувања во оваа деценија?

Во теорија, синтетичкото око е способно за многу поголема резолуција од човечкото око, затоа што вештачката мрежница содржи околу 460 милиони светлосни сензори на квадратен сантиметар, додека нашата мрежница има само 10 милиони.

Се разбира, научниците и инженерите имаат уште многу работа за да го усовршат уредот.

Leave a Reply