Вештачката интелигенција може да ги „надвладее“ луѓето во следните пет години

Сподели со своите пријатели

Технолошкиот магнат Илон Маск предупреди дека вештачката интелигенција може да ги „надвладее“ луѓето во следните пет години.

Loading...

Ова предвидување претставува значителна ревизија на претходните проценки на т.н. „технолошка единственост“, односно моментот кога вештачката интелигенција (АИ) ја надминува човечката интелигенција и се развива со неразбирлива брзина.

Експертот за технологија и футуристист Реј Курсвеил неодамна процени дека тоа нема да се случи до 2045 година, засновано врз експоненцијалниот напредок на технологијата, односно роботиката, компјутерите и напредокот во развојот на вештачката интелигенција.

 

 

Сопственикот на „Тесла“, се чини, не се согласува со ова.

– Мислам дека многу паметни луѓе ја запоставуваат вештачката интелигенција затоа што мислат дека компјутерот никогаш нема да биде толку паметен како нив. Ова е, се разбира, е лажна претпоставка предизвикана од суета – изјави Маск за Њујорк Тајмс.

Loading...

– Ние се движиме кон ситуација кога АИ е многу попаметен од луѓето и мислам дека тоа ќе се случи за помалку од пет години. Тоа не значи дека за пет години сè ќе оди по ѓаволите, туку дека сè ќе изгледа чудно и нестабилно за нас – додаде тој.

Leave a Reply