Верувале или не овој човек има 95 години

Сподели со своите пријатели

Турчинот Казим Гурбуз е роден во Адана во 1920 година. Вниманието на јавноста го привлече поради својата виталност, а за младешкиот изглет се смета дека е одговорно редовно вежбање, исхраната и позитивниот пристап кон животот.

Loading...

Тајната на долговечноста, според неговите кажувања, едноставно секој може да ја достигне и да изгледа како него во тие години. Клучно е редовното вежбање поради флексибилноста на телото и зглобовите, пренесува листот Хуриет.

Многу е важна исхраната, а вели дека постојат и „супер производи“ како маслинки, мед, свежо овошје и пиперка.

Ја почитува јогата и е долгогодишен учител по оваа древна вештина. Дури и во 95 година од животот може да изведе најтешки пози во јога.

Според неговото кажување освен што има добра форма, неговата сексуална кондиција била каок да има само 30 години.

Во 1961 година доживеал тешка сообраќајна несреќа и останал парализиран, а лекарите му дале минимални шанси дека ќе прооди повторно. Тврди дека со помош на третман кој сам го развил успеал да се врати повторно на нозе.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.