ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Научници научија стаорци да играат криенка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Студијата на Универзитетот Хумболт во Берлин покажува дека стаорците можат да научат да играат криенка и очигледно уживаат во играта.

Loading...

Глодарите брзо ги научиле правилата на играта и успешно ги менувале улогите: барале, па се криеле. Покрај тоа, тие оставаат впечаток дека играта ги прави среќни, пишуваат научниците во списанието Science.

Научниците ја анализирале склоноста кон игратакај мажјаците стаорци, на површина од 30 квадратни метри. Тие прво ги научиле стаорците на правилата на играта, при што шест стаорци за една недела – две научиле да го бараат оној кој се сокрил, односно да се соркијат.

Експериментот изгледал вака: откако ставале стаорец во кутија со далечински управувач, човекот се криел. Веднаш штом ќе се отворела кутијата, стаорецот се движел да го бара. Глодарите пребарувале на неколку места, и секој пат кога стаорец наоѓал скриен човек, добивал награда, која се состоела од скокоткање.

Во друг експеримент, стаорецот бил  оној што се крие: лицето молчеливо ќе клекнела до отворената кутија, а животното скокнувало од неа и одело да се сокрие. Овој пат животните биле многу тивки и намерно барале засолниште, кое претежно било непроѕирно.

– Врз основа на набудувањата направени во нашата студија, добиваме впечаток дека стаорците играат за да се забавуваат – вели Мајкл Брехт, еден од авторите на студијата.

Снимките од активноста на мозокот покажуваат дека за време на играта е активен префронталниот кортекс на глодарот, делот од мозокот кој е одговорен за социјално набудување.

Leave a Reply