Верниците од Куманово утре ќе скокаат по светиот крст

Сподели со своите пријатели

Христијанските граѓани утре го прославуваат еден од поголемите празници, Богојавление или Водици. Тоа е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Loading...

По тој повод утре на неколку локации во Куманово ќе се фрла светиот крст. Денот ќе започне со света литургија во Соборниот храм „Свети Никола“ во 8 часот, а час подоцна во базените на храмот и црквата „Света Троица“ ќе се фрла светиот крст. За оние кои сакаат да скокаат по крстот во топла вода, тоа можат да го сторат на Затворениот градски базен во 11 часот.

По минатогодишните реакции дека крстот не треба да се фрла во затворен простор, портпаролот на Кумановско-осоговската епархија, отец Игор Здравсковски вели дека и во црквите отсекогаш крстот се фрла во затворен базен, а предноста на градскиот е што таму е топло.

– Никогаш не сме излегувале на отворени води. Сега оние кои се жалат за такво нешто нека повелат, ако им е поинтересно на студ или во затоплена просторија да се скока, ако мислат дека е поентата во тоа дека мора да биде и студено ние имаме православни христијани во Австралија кои ќе фрлаат крст на топло и пак ништо не се нарушува за празникот. Поентата е да се запази моментот на осветување на водите, без разлика дали водата е во затворен или отворен простор таа преку молитвата се осветува, не останува неосветена ако е во затворен простор, подобро само е за оние кои скокаат да им биде потопло, а од друга страна немаме во Куманово толку голем простор, во Градскиот базен како никогаш досега се појавуваат луѓе кои сокаат, рече отец Здравсковски.

Портпаролот на епархијата ги повика сите верници кои утре ќе се одлучат да скокаат по светиот крст првин да присуствуваат на светата литургија во храмот „Свети Никола“.

Leave a Reply