Верижен судир на „Октомвриска револуција“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Во верижна сообраќајна несреќа која вечерва се случи на Октомвриска револуција оштетени се три автомобили, за среќа нема повредени и човечки жртви.

Сообраќајката се случила по 19 часот кога џип со скопски регистарски ознаки застанал да им даде предност на пешаците кои поминувале на зелено светло на печачки премин , во џипот удрил автомобил Поло, а во поло Ауди.

Увидот е во тек, и допрва ќе се утврдува причината за сообраќајната несреќа и причинетата материјална штета.