Вербална расправија завршила со пукотници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 23,30 часот во Куманово на улицата „Тоде Мендол“, А.К. (23) од с.Арачиново-скопско, заедно со уште двајца негови другари дошол со патничко моторно возило на наведената улица и започнал вербална расправија со М.Б., кој бил со негов пријател, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во еден момент А.К. извадил пиштол и испукал еден куршум во воздух, а откако М.Б. се дал во бегство, истиот испукал и неколку куршуми кон него, но не успеал да го погоди, по што со возилото го напуштил местото на настанот.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Куманово, при што се пронајдени шест испукани чаури, кои се подигнати и доставени за вештачење.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.