Венгер спокоен и покрај неочекуваниот пораз

Сподели со своите пријатели

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер покажа смиреност по поразот од Остерзунд со 1:2 синоќа на свој терен. Поразот не беше фатален и „топчиите“ се пласираа во осминафиналето од Лига Европа поради убедливата победа на првиот дуел.

Венгер призна дека неговите играчи донекаде го потценија натпреварот.

– Во првото полувреме имавме проблеми со брзината и создавањето на шанси. Бевме премногу самоуверени и игравме со намалена концентрација. Второто полувреме беше многу подобро и требаше да постигнеме уште неколку гола. Општо земено, ја контролиравме ситуацијата, коментира Венгер.

Тој смета дека Арсенал заслужено оди во следната фаза.

– Задоволен сум од начинот на кој реагиравме при 0:2. Завршивме добра работа и заслужено продолжуваме натаму, додаде Французинот. /МИА

Leave a Reply