Велосипедисти и полицијата утре ќе ги едуцираат возачите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и велосипедски клуб ВЕЛО – М отпочнуваат кампања за безбедно возење на велосипед.

Loading...

Кампањата ќе започне утре во 11 часот со реализирање на ревијално возење на велосипеди низ улиците на Куманово.

– Целта е јакнење на свеста кај другите учесници во сообраќајот за почитување на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, но и потсетување на велосипедистите дека треба правилно и безбедно да управуваат велосипеди во сообраќајот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Старт е на булеварот „Октомвриска револуција“ а ќе заврши на плоштадот каде полициски службеници од Полициска станица за безбедност во патничкиот сообраќај ќе контролираат возачи, а велосипедистите ќе им поделат флаери и друг рекламенматеријал за безбедност во сообраќајот.

Учесниците ќе бидат облечени во маици во боите на семафор со мото „Биди безбеден“ а ке учествуваат околу 25 учесници.

Никола Ивановски

Leave a Reply