Велешанец го убил соседот и повредил четири лица па објавил на „Фејсбук“

Сподели со своите пријатели

Велешанец со чекан го убил својот сосед, а повредил дури четири лица, сите членови на едно исто семејство, а се „пофалил“ и на социјалната мрежа „Фејсбук“, јавува Телма.

Грозоморното убиство се случило околу 3 часот рано утринава, кога 46годишниот С.В. насилно влегол во домот на 66-годишниот Д.Н. инаку негов сосед со кој имал нарушени соседски односи. Со чекан му нанел повреди во пределот на главата на Д.Н., но и на неговата 55-годишна сопруга Л.Н. и нивната 31-годишна ќерка Т.Н. кои биле на првиот кат од куќата.

Но, тука не застанал грозоморниот чин. Убиецот се качил на вториот кат каде ги нападнал братот на сега починатиот, Т.Н. (63) и неговата сопруга 53-годишната В.Н.

Сите повредени биле пренесени во велешката болница, каде Д.Н. им подлегнал на повредите, а поради сериозноста на повредите во пределот на главата, неговата сопруга завршила на скопскиот Ургентен центар.

Убиецот се вратил дома и на социјлната мрежа „Фејсбук“ напишал дека ги убил „своите монструми“, пишува Телма. Истиот бил приведен, а полицијата работи на расветлување на целиот случај.

Loading...