Вечерва започнуваат летните Олимписки игри во Рио

Сподели со своите пријатели

Вечерва 1 часот по полноќ по европско време ќе започне 31то издание на Летните Олимписки игри на кои оваа година домаќин ќе биде Бразил, поточно Рио де Женеиро.

Околу десет илјади спортисти од 205 држави од светот ќе се боар во дури 42 различни спортови, а за прв пат во историјата на Олимписките игри ќе влезе голфот, а по 92 години пауза се враќа и рагбито како олимписка дисциплина.

 

Loading...

rio4-777x437

 

Вкупно 11 милијарди евра ќе чини оваа издание на Олимписките игри, од кои 6,5 милиони потрошени за инфраструктурата на градот.

За прв пат годинава учество ќе земе и Косово, а Македонија ќе ја претставуваат шест спортисти: пливачите Анастасија Богдановски и Марко Блажевски, атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев, стрелачката Нина Балабан и џудистката Катерина Николовска.

Церемонијата на свеченото отворање ќе се одржи на стадионот Маракана почнува во 1 часот по полноќ, а македонското знаме во дефилето ќе го носи пливачката Богдановски.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]