Вечерва започнува фестивалот „Денови на проза“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва започнува второто издание на Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“.

Loading...

Дводневниот фестивал кој ќе собере еминентни автори од Македонија и регионот, е во организација на НУЦК „Трајко Прокопиев“, а со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Вечерва кумановската публика ќе има можност да дискутира со писателот и академик Влада Урошевиќ и со авторката Даница Вукичевиќ од Србија, која е добитничка на Ниновата награда.

Модератор на првата вечер ќе биде Александар Маџовски.

Програмата утре започнува во 12 часот со промоција на книга за деца од писателката Јулијана Величковска во фоајето на Центарот за култура, додека во 17 часот ќе има тркалезна маса за книжевниот превод на која ќе зборуваат Петар Андоновски и Катица Гаровска од Македонија, Саша Пуљаревиќ од Словенија и Елена Алексиева од Бугарија, додека модератор ќе биде Владимир Јанковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Гласна тишина“ – самостојна изложба на Мартина Спасовска

Фестивалот ќе заврши со дебата на која ќе зборуваат писателите Арлинд Фазири, Живко Грозданоски, Калина Малеска, Стефан Алијевиќ од Македонија и Елена Алексиева од Бугарија, а модератор ќе биде Ана Јовковска.

Вечерната програма за време на двата дена на фестивалот ќе почнува во 20 часот.

Никола Ивановски

Loading...