Вечерва спектакл во Стара Чаршија – одење по жица на 12 метри височина

Сподели со своите пријатели

Старата Скопска Чаршија вечерва ќе дише во ритамот на атрактивни акробатски и музички точки од 19:00 па се до 2:00.

Loading...

Пред црквата Св. Спас кај пивницата „Стар Град“ ќе биде поставено плато каде што ќе се одржуваат точките, а главна атракција е одењето по жица на англичанецот Крис Бул.

chris-bull

Тој ќе оди по жица висока 12 метри без никаква заштитна подлога на земјата. Иако оваа точка е многу опасна, сепак за акробатот ова е само рутина.

Крис стекна светска слава минатата година кога со својата тогашна девојка, сега веќе сопруга свадбената церемонија ја изведоа одејќи по жица. Медиумите од целиот свет известуваа за оваа несекојдневна свадба, единствена од ваков тип на светот.

Покрај атрактивниот акробат на жица, предвидени се уште неколку точки од светски баскер изведувачи. Еве ја целосната програма за вечерната скопска улична атракција:

19:00 Carota Payaso
20:00 Mostacho
20:30 Denda Yorge Martin
21:00 Parkur
22:00 Chris Bull ( одење по жица на 12 метри височина)
22:30 Golden Branch ( fire show)
23:00 Барбароса – Самба сензација со удирачки инструменти
00:00 Nina Janeva & 2 Exit
02:00 Dj Tina


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.