Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Далибор Крстевски

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Во Уметничката галерија вечерва со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Далибор Крстевски од Куманово.

На својата прва самостојна изложба авторот ќе се претстави со повеќе од 30 дела, и тоа слики работени во комбинирана техника, како и неколку модни инсталации.

Далибор Крстевски е роден во Куманово, 1984 год.

Дипломирал на факултетот за ликовни уметности во 2009 год.во педагошки оддел, сликарска насока, во класата на проф. Рубенс Корубин.Има учествувано на неколку групни изложби.Се занимава и со моден дизајн.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.