Вечерва се отвора изложба на графики од Евгениј Пантев

Сподели со своите пријатели
Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток /26 ноември/ со почеток во 19,30 часот ќе биде отворена изложба на графики на академскиот графичар Евгениј Пантев.
Овој перспективен графичар ќе се претстави со 25 графики од неговиот најнов творечки опус а кумановската ликовна публика ќе има можност за првпат да се запознае со неговото творештвото.
Евгениј Пантев е роден 1966 год. во Софија, Бугарија. Дипломирал на одделот за графика и графички дизајн, на Факултетот за ликовни уметности, Скопје 1991, Магистар по ликовни уметности – област графика 2014. Член на СБХ/ ИАА.