Вечерва промоција на преработката на „Јовка Кумановка“

Сподели со своите пријатели

Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната „Јовка Кумановка“, проект кој е во соработка на браќата Мартин и Срефан и Општина Куманово.

Loading...

Вечерва истата официјално ќе биде претставена и со видео запис во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово со почеток во 20 часот, во чест на празникот „11 Октомври“ со што ќе кулминира денешната прослава, која изобилува со низа настани.

Во видео записот, според засега непотврдени информации се појавува и преубавата кумановка Викторија Пеовска, која до минатата година играше за составот на ЖРК Куманово.

Влезот ќе биде слободен за сите заинтересирани граѓани.

Преработката првенствено требаше да биде платена од Буџетот на Општина Куманово, но компанијата „Екстра меин“ одлучи да ја спонзорира и тоа да биде нивен подарок за 500от роденден на градот.

Leave a Reply