Вечерва промоција на книгата „Светлината од Назарет“

Сподели со своите пријатели

Книгата „Светлината од Назарет“ од авторот Јовица Ивановски Моче, вечерва со почеток од 19 часот ќе биде промовирана во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Промотори на книгата на Ивановски ќе бидат Александар Прокопиев и Аго Хаурдиќ, водител на програмата Катерина Симаковска, а делови од книгата ќе чита Верица Петровска во музичка поддршка на Боби Серафимовски.

Веќе во четврток ќе биде одржана изложба на слики на Данчо Ордев исто така во НУЦК „Трајко Прокопиев“.