Вечерва над Скопје по осми пат ќе блесне ”Ѕвезденото небо на Тоше”

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на осумгодишнината од последниот концерт на Тоше Проески во Скопје, денес на плоштад Македонија, ќе биде одржан музички хепенинг  „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“.

Loading...

Како што соопштија од фан­клубот на Тоше Проески, целта на ова дружење е сите негови фанови заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”. ­

Годинава, покрај неговите познати хитови фановите ќе можат да чујат и досега необјавена песна на Тоше.

Над плоштадот Македонија вечерва ќе блесне ѕвездено небо, исто онакво како што на концертите на прерано починатата мега ѕвездата Тоше Проески, го правеа обожавателите и почитувачите на неговото дело.