Вечерва и утре услови за слаб снег и пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Денес во доцните вечерни часови и во текот на утрешниот ден во претпладневните часови ќе има услови за локално слаб снег, осообено во североисточните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во околината на Куманово во текот на денот ќе имаме облачно време со максималнад невна температура од три степени целзиусови, додека во вечерните часови истата ќе се спушти три степени во негатива и не очекуваат врнежи од снег, како и во текот на утрешниот ден.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност,а утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, соопштуваат од УХМР.