Вечер во Прилеп стартува ”Пивофест 2015” (видео)

Сподели со своите пријатели

Со настапот на рап – ѕвездата Слаткаристика, денес во Прилеп ќе се отвори 13 -т0т0 издание на фестивалот на пивото ”Пивофест 2015”.

Loading...

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, најави многу забава за посетителите од земјава и од странство, во наредните четири фестивалски денови и со, меѓу другото 30 – тина штандови поставени во центарот на градот.

За сите четири фестивалски дена, според Ристески, се очекуваат преку 300 илјади посетители.

– Очекуваме, само првата вечер за отворањето околу 90 илјади посетители. Стартот ќе го означат пивото, желбата за добро сите да се чувствуваат на фестивалот и настапите на првите музички гости: Љубојна, Слаткаристика, Саша Ковачевиќ. Ќе има музика за сите вкусови. На располагање ќе биде и алтернативната, камената бина. Познати ди- џеи од Македонија ќе ги забавуваат гостите, изјави Ристески.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.