Ве гледаат каде и да одите: Како изгледа „Големиот брат“ на дело? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ве гледаат каде и да одите. Тие точно знаат каде застанавте, кога забавивте или побрзавте и ве следат низ градот, но и кога излегувате.

Loading...

Покрај тоа, тие го следат вашиот телефон за да знаат точно колку луѓе од вашата земја или регион се во кој дел од градот и во кое време.

Добредојдовте во Венеција по пандемијата.

 

 

Туристите, кои броеја 30 милиони пред пандемијата, во споредба со 50.000 жители на Венеција, ги преплавуваа главните улици, ресторани и јавен превоз.

Градските власти се обидоа да спроведат различни мерки, од воведување на одделни линии, до воведување на прегради, што ќе го одделува локалното население од туристите во деновите кога има најмногу посетители.

Loading...

 

 

Планираната „такса за влез“, која требаше да биде воведена во 2020 година, беше одложена поради пандемијата за јануари 2022 година. Но, властите сакаа да го следат однесувањето на туристите – не само со регистрација на оние кои ќе ја поминат ноќта, туку и оние кои доаѓаат во еднодневна посета – и точно да знаат кој е во градот и каде одат.

Властите во Венеција го прават сето ова во обид да го променат туризмот на подобро.

 

 

Loading...

На островот Тронкето, покрај мостот што ја одделува Венеција од италијанското копно, Контролната соба беше отворена во септември 2020 година.

Поранешниот магацин, кој бил напуштен во 60-тите години на минатиот век, е дел од новото седиште на градската полиција и цивилните власти.

 

 

Зградата има канцеларии за градоначалникот, други великодостојници и голема просторија за видео надзор, со поставени камери низ целиот град, кои ги надгледува полицијата.

Новиот систем не само што го бележи бројот на туристи, туку го анализира и сообраќајот, препознава различни видови транспортни пловни објекти и го бележи распоредот на јавниот превоз.

Работниците во контролната просторија исто така можат да ја активираат „временската машина“ за да погледнат наназад.

Loading...

 

 

Системот не само што ги брои посетителите во близина на камерите инсталирани во градот, туку и заедно со „Телеком“ Италија, најголемиот италијански мобилен оператор, бележат кои се тие и од каде потекнуваат.

Властите можат да видат од каде се сите посетители со анализа на телефонските податоци (што се собираат автоматски, но без лични информации на сопственикот).

 

Loading...

 

Броењето посетители кои ќе поминат само еден ден во Венеција и следењето на нивните движења, може да им помогне на властите да прибегнат кон затворање на главните патишта за туристите во сообраќајниот шпиц.

Според Валерија Дуфолт, коосновач на „Венеција Атуентика“, компанија која се занимава со одржлив туризам: „Проблемот не е во тоа што Венеција има премногу посетители. Проблемот е што сите посетители одат на истите места: Плоштад Свети Марко и мост Риалто“.

 

Loading...

 

Има многу повеќе работи што надлежните ги следат: колку брзо луѓето се движат на места како плоштадот Свети Марко (ако започнете да трчате екранот ве зголемува), плимата и осеката низ целата лагуна (клучна за следење на поплавите и одредување кога да се подигнат новопоставените бариери против поплавување).

И, иако некој може да се спротивстави на тоа дека овој систем ја загрозува приватноста (бидејќи и покрај тоа што не се евидентираат лични информации, вие и вашето потекло се евидентираат додека сте во градот), властите во Венеција се многу горди на својот нов систем за надзор.

 

Loading...

 

Венеција годинава слави 1.600 години постоење и властите се многу задоволни што го поздравуваат јубилејот со оваа напредна технологија.

Leave a Reply