Вдомиле животно мислејќи дека е куче, но кога сфатиле што е, не им било сеедно

Сподели со своите пријатели

Кога забележале дека животното што го донеле дома не е куче, семејството се обратило за помош во Њу Ингланд Wildlife Center Cape Branch. Организацијата прво, во соработка со Одделот за јавно здравје во Масачусетс, провери дали којотот можеби има беснило. Утврдиле дека од таа страна е се во ред, па преминале на следниот чекор – рехабилитација.

Loading...

Организацијата во својата објава на Фејсбук откри дека неодамна добиле уште едно младенче којот, па откако ќе ги вакцинираат заедно ќе ги одгледуваат.

– Се трудиме да им обезбедиме што повеќе природно образование и ќе работиме на повторување на основните однесувања и вештини што ги учат од мама и тато – наведуваат од организацијата.

Иако приказната добила среќен крај, ситуацијата можела да биде поинаква доколку којотот имал беснило. Тогаш младенчето, доколку ги изгребело или ги гризнало оние што го пронашле, би требало да биде евтаназирано.

– Секогаш ги охрабруваме луѓето да се обратат до експерти пред тие самите да интервенираат – додаваат тие.

 

 

Loading...