Ватикан на удар на руски хакери

Сподели со своите пријатели

Од вчера најважните веб-страници на Светата столица, вклучително и официјалната веб-страница на Ватикан, се офлајн, а италијанските медиуми јавуваат дека постои сомневање дека тие се цел на руски хакери, бидејќи папата изјавил дека Русија е виновна за војната во Украина.

Loading...

Канцеларијата за односи со јавноста на Ватикан досега изјави дека забележале чудни, неовластени пристапи до системите на Светата столица, кои се потврдени со падот на сите веб-страници.

Синоќа околу 21 часот изгледаше како ситуацијата да се нормализира.

Сепак, до сега официјалните веб-страници на Ватикан не се достапни.

Медиумите наведуваат дека сето тоа потсетува на хакерскиот напад на серверот на Европскиот парламент, за кој одговорни биле активистите на страната на Русија, „Килнет“ (Killnet).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме

Папата Франциск е во центарот на контроверзноста бидејќи зазеде многу јасен став против руските напади во Украина, што предизвика големи критики, пишуваат италијанските медиуми и многу важни претставници во Русија.

Засега никој не ја презеде одговорноста за хакерскиот напад, кој сѐ уште трае.