Вашингтон ги повика Американците да прифатат бегалци

Сподели со своите пријатели

САД најавија нова програма за прием на бегалци, барајќи од Американците да ја спонзорираат за да го зголемат бројот на приеми во земјата.

Loading...

Американските граѓани за првпат ќе можат директно да го спонзорираат приемот на бегалци во САД без здруженија и невладини организации.

„Welcome Corps е најголемата иновација во приемот на бегалците во изминатите четири децении“, рече државниот секретар Антони Блинкен во соопштението за печатот.

Во првата година целта е да се привлечат околу 10.000 Американци кои би примиле околу 5.000 бегалци, додаде тој, пренесе Хина, повикувајќи се на АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За судењето на Трамп беа избрани 12 членови на поротата

Секој Американец, или прво група од пет граѓани, кој сака да прими бегалец ќе мора да помине низ детална безбедносна проверка и да обезбеди доказ за својата финансиска способност.

Не се предвидени финансиски стимулации за овие спонзори кои ќе треба да докажат дека имаат 2.275 долари по бегалец за купување облека и други потреби во првите три месеци од престојот во земјава.

Претседателот Џо Бајден го ограничи на 125.000 бројот на бегалци што САД можат да ги прифатат во една фискална година, што означи промена од ограничувањата воведени од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Апликација за бегалци од сите земји

Но, САД се далеку од таа бројка.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Во првите три месеци од фискалната 2023 година, само 6.750 бегалци добија дозвола да влезат во САД, земја изградена од имигранти, според податоците на Стејт департментот.

Овој пилот-проект отворен за бегалци „од целиот свет“ е воден од примерот на слични програми во Канада и ги надополнува оние што беа привремено дизајнирани за бегалци од Авганистан, Украина, Венецуела, Никарагва и Куба, рече неименуваниот висок дипломат.

„Разликата е во тоа што оваа програма ќе се применува на бегалците од сите земји во светот, со цел нивна постојана имиграција во САД“, додаде функционерот.

Бројот на бегалци и прогонети во светот постојано расте и во средината на 2022 година го надмина прагот од 100 милиони, соопштија Обединетите нации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Високиот претставник на Стејт департментот за миграција, Џулиета Волс Нојес, и самата дете на имигранти, призна дека САД заостануваат на ова поле, но дека американските власти веќе спроведоа 20.000 интервјуа во странство и „очекуваме овие луѓе да почнат да пристигнуваат во наредните месеци. “