Вардар Јуниор го доби дербито во третото коло од плејофот во женската Скопско Супер лига, совладувајќи ја нашата екипа ЖРК Куманово со 23:27 (10:13).
Loading...
Малку им требаше на нашите ракометарки да изборат, барем, бод со екипата на ЖРК Вардар Јуниор од Скопје. Резултатот до пред крајот на првото полувреме беше изедначен 8:8, но потоа на сцена стапија судиите кои што со неколку скандалозни одлуки и помогнаа на гостинската екипа да направи разлика и на полувреме се отиде со резултат 10:13.
Почеток на второто полувреме и припадна на гостинската екипа која што по некои наши грешки во одбраната направи разлика од „плус 6“ гола 13:19. Потоа повторно помогнати со некои судиски одлуки ја одржуваа таа разлика и натпреварот заврши со резултат 23:27.
Мораме да останеме позитивни, ништо не е изгубено. Одигравме исклучително тежок натпревар во кој што противник ни беа и судиите. Наша цел и понатаму е да се пласираме во едно од првите четирите места за излез на европска сцена. Свесни сме каде погрешивме. Во следниот наптпревар сите ќе го дадеме максимумот и очекувајте ја првата победа во плеј оф делот против ЖРК Пелистер кој што go играме на гостински терен – вели Викторија Пеовска, ракометарка на ЖРК Куманово.
Гостинската голманка имаше одличен ден со 14 одбрани, а во нашиот тим повторно најефикасна беше Викторија Пеовска со постигнати 11 гола . Голем придонес во нашиот тим даде и Боризовска со 5 гола.