Вардар и Металург вечерва ќе се судрат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Најдобрите македонски машки екипи во ракомет Вардар и Металург вечерва со почеток во 20:30 часот ќе ги одмерат силите во Суперкупот на Македонија.

Loading...

Пред неколку месециМеталург триумфираше над Вардар токму во кумановската спортска сала, а вечерва ќе следува реприза во Суперкупот.

Домаќини на овој спортски настан се ЖРК Куманово и Општина Куманово по повод 500 годишнината од формирањето на градот и 90-годишнината од клубот.

Влезот е слободен.

Leave a Reply