Вакцинирани давателите на услуги во кумановската градинка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Давателите на услуги кои се во директен физички контакт со децата во Детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово ја примија првата доза од вакцината против коронавирусот.

Loading...

Како што информираше денеска директорката Марина Алексовска, голема е заинтерестираноста на персоналот за имунизацијата, а над 80 отсто од вработените се пријавиле.

– Се беше во ред на 10ти април се надеваме и на 5ти мај кога ќе биде нивната ревакцинација, се е под контрола и се надеваме дека вработените ќе поминат добро. Најдобро е што прво давателите на услуги, оние што се со физичко присуство, на лице место со децата. Сосега немавме и уште сме посигурни дека ќе немаме, досега од започнување со работа на нашата установа од 9ти септември имаме само едно дете кое е заболено од своите родители во месец ноември, рече Алексовска.

 

 

Градинката „Ангел Шајче“ работи согласно сите протоколи, редовно се дезинфицираат просториите каде што престојуваат децата, нема мешање на персоналот и секој работи со својата група.

– Се играат со играчки сами, додека порано работевме на социјализација на децата каде што требаше да споделуваат сега за жал во овие услови на пандемија децата се играат со играчки кои потоа не смее никој да ги користи, друго другарче, и на крајот на денот се дезинфицираат за да може да се користат утре, рече директорката.

Loading...

Околу 580 дечиња моментално ги користат услугите на кумановската градинка, додека проектираниот капацитет за осумте објекти е 796 деца.

Никола Ивановски

Leave a Reply