Вака Русија би можела да се обиде да ги заобиколи нафтените санкции на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Москва би можела да одговори на европските санкции за руската нафтена индустрија со барање други купувачи за нејзината сурова нафта или со намалување на производството за да се одржат високите цени.

Loading...

Ваквите акции би имале глобално економско влијание – освен ако ОПЕК не интервенира, пишува CNBC.

Лидерите на Европската унија во понеделникот се согласија да воведат забрана за увоз на 90 отсто од руската сурова нафта до крајот на годината, како дел од шестиот пакет санкции на Русија по инвазијата на Украина.

„Одговорот на Русија очигледно внимателно ќе се следи“, рече Хелима Крофт, шеф на глобалната стратегија за стоки во RBC Capital Markets, во белешката во вторникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме

Според Меѓународната агенција за енергетика, Русија е трет по големина производител на нафта во светот по САД и Саудиска Арабија и втор најголем извозник на сурова нафта по Саудиска Арабија.

„Ова што се случува сега ќе ја промени трговијата со нафта и природен гас во иднина. Цената на нафтата нема наскоро да падне, а последиците од руските санкции ќе се чувствуваат уште неколку години“, рече Хосеин Аскари, професор на бизнис школата на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

„САД требаше да искористат силни санкции за претпазливост против Русија и да бидат поостри кон производителите на нафта за да го зголемат производството“ – вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

Во лов на клиенти

Loading...

Михаил Улјанов, претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, рече дека земјата ќе бара други купувачи за својата нафта.

„Како што со право рече вчера, #Русија ќе најде други увозници“, рече Улјанов преку Твитер, мислејќи на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Важно е да се напомене дека таа сега противречи на нејзината вчерашна изјава. Многу брзата промена во начинот на размислување покажува дека #ЕУ не е во добра форма “, продолжи тој.