Вака изгледала наредбата за мобилизација на кумановци за помош на Скопје (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановското население во јули 1963 година било целосно мобилизирано, а наредбата за мобилизацијата ја издал тогашниот претседател на Собранието на Општина Куманово, Ездимир Богдански.

Loading...

Била донесена наредба за моблизација на населението од 18 до 55 годишна возраст, а во неа пишувало:

„Сите машки лица од 18 до 55-годишна возраст на подрачјето на општина Куманово не можат да се одалечуваат од територијата на Општината без претходно одобрување на Одделението за народна одбрана при Собранието на Општина Куманово.

Сопствениците и корисниците на сит епревозни и технички средства штоможат да се употребат за расчистување на урнатините и други слични работи се должни да ги држат во исправна состојба и не можат да се одалечуваат со возилата и средствата вон територијата на општина Куманово без претходно одобрување на одделението за народна одбрана.

Сите машк лица од 18 до 55 години жители на град Скопје, кои се наоѓаат на подарчјето на Општина Куманово веднаш да се вратат во Скопје и пријават во своите работни организации, а лицата времено без работа на Градскиот штаб за отстранување на општа опасност во Скопје.

Физички и правни лица што нема да постапат по оваа наредба ќе одговараат според чл. 8 од Законот за задолжително учество на граѓаните во отстранување на општа опасност“, пишува во наредбата.

Извор: „Наш весник“ бр. 43 (01.08.1963 година)
Фото: Википедија

Loading...

Leave a Reply