Вака изгледа кога Путин ќе се налути и ќе крене на ИСИС (видео)

Сподели со своите пријатели

Русија ја започна својата воена интервенција на повик на сирискиот претседател Башар ал Асад, руските авиони кренаа во ракетирање на положбите на Исламската државата.

Loading...

Руската акција е покрената за неполни 24 часа откако Владимир Путин и Барак Обама се сретнаа на маргините на конференцијата на ООН во Њујорк.

Руските авиони ги нападнаа првите мети. На снимките се гледаат уништени згради во градовите на истокот на земјата. Русија извести дека е бомбардирана воена опрема, комуникациски објекти и складишта со муниција и гориво на Исламската држава.

https://www.youtube.com/watch?v=BKOzxbsEIDU

Единствен исправен начин за броба со меѓународниот тероризам во Сирија и соседните земји, каде има многу групации кои прават злочини е превентивното делување. Треба да се бориме и да ги елиминираме терористите на териториите кои ги имаат окупирано, а не да чекаме да дојдат во нашиот дом – порача рускиот претседател Владимир Путин.

Тој тврди дека за разлика од државите кои на своја рака изведуваат воздушни напади во Сирија, единствено Русија го почитува меѓународното право, затоа што сирискиот претседател лично побарал помош. Тој предлог е одобрен од страна на горниот од дом од рускиот парламент, но за сега ќе се делува само од воздух. Русија во борбата нема да ги користи копнените сили.

Пред првиот напад, Моска за своите намери го извести Вашингтон. Соединетите Американски Држави сега ќе мора да бидат во координација со Русија, за што и стануваше збор на собранието на ООН.

https://www.youtube.com/watch?v=-H5LMkPcgpo

Loading...

Како што тврди еден од водачите на сириската опозиција, руските воздушни сили нападнале територија каде нема стационирано припадници на ИСИС, а загинати се 36 цивили.